Синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“ свечено им беа доделени дипломите на учениците кои го завршија своето образование во средното општинско училиште „Јане Сандански“. На вкупно 305 ученици од генерацијата 2011-2015 им беа доделени дипломи,
а Вања Китанова и Катерина Караманова беа прогласени за најдобри ученици на генерацијата.СОУ „Јане Сандански“ по шестти пат организира свечено доделување на дипломите кое остава прекрасни спомени кај дипломците, а го привлекува вниманието и на пошироката јавност во Струмица.