Од вечерва се отвора големата музичка сцена на плоштадот „Гоце Делчев“ во рамките на четвртото издание на „Струмица опен фест“. Честа први да настапат на неа ја имаат младите струмички таленти, а по нив следуваат настапите на Данијела Мартиновиќ,.
Слаткаристика и Mossel.Синоќа завршија фестивалските содржини на локациите во големиот градски парк. На сцената во дворот на домот на АРМ се одржа детскиот фестивал „Јојо“, на корзото се продаваа делата од ликовната колонија, а во амфитеатарот вечерта беше посветена на џез музиката.