Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, попладнево, ќе ги прими струмичките одбојкарски репрезентативци кои беа дел од одбојкарската репрезентација на Македонија, а по повод освоеното второ место во Европската лига.
Со овој прием, градоначалникот Заев уште еднаш ја потврдува неговата голема поддршка на спортот, која континуирано ја дава во изминатите десет години, односно, од кога е Градоначалник на општина Струмица.Инаку, македонските одбојкари не ја добија владината поддршка и поминаа 1.400 километри со автобус до Полска, но и покрај таквото патешествие тие постигнаа извонреден успех.