Кулминираше четвртото издание на „Струмица опен Фест“ со втората музичка вечер. Плоштадот „Гоце Делчев“ беше претесен да ги собере фановите на Трио гранде, Кристина Арнаудова, Тропико бенд, Харис Џиновиќ и Том Нови.
До доцна во ноќта се играше и пееше, потврдувајќи дека организаторот го направил вистинскиот избор. Со своите сограѓани, но и бројните гости беше и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев со сопругата и соработниците.Вечерва завршува „Струмица опен фест“. Честа да ја затворат оваа најголема културно – забавна манифестација ја имаат Либеро, Јупитер, Маид Хечимовиќ, Петар Грашо и ROMEO BLANCO.