Неколку екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ уште од утринските часови започнаа со темелно чистење на плоштадот „Гоце Делчев“. Рачно и со механизација се чисти со специјално средство за гранитни површиниа,
а ќе се изврши и комплетна дезинфекција. Освен плоштадот ќе се мијат и дезинфицираат и околните улици. Во ова генерално чистење, а поради потребата од поголемо количество на вода, вклучена е и Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица.Ваквото чистење е редовно по одржувањето на големите манифестации, каква што беше и „Струмица опен фест“ која што заврши завчера.