Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, во својот кабинет оствари средба со Андреас Тиде градоначалник на општината Лауенбург (Елба) од Германија. Двајцата градоначалници разменија информации за општините и нивните карактеристики по што ја потврдија можноста за воспоставување заедничка соработка и пријателство меѓу граѓаните на Струмица и Лауенбург (Елба).На средбата посебно се разгледуваа можностите за економска соработка меѓу двете општини.