Лошата економска состојба во државата го зголемува бројот на граѓаните на кои се повеќе им е потребна помош за да можат да преживеат со своите семејства. Сиромаштијата не ја заобиколи ни Струмица. Во борбата за гола егзистенција се поголем број граѓани бараат помош од општината и најчесто прво тропаат на нејзината врата, иако таа има ограничени, односно, многу мали ингеренции во делот на социјалната заштита. Од неплатени сметки, болнички трошоци, набавка на училишен прибор,
огревно дрво, лекови, храна, па до поддршка за издавање на книги, монографии, учество на семинари и други манифестации се најчестите видови на помош кои што ги бараат граѓаните. Само преку одделението за контакти со граѓаните оваа година помош побарале 260 граѓани. Имајќи слух за состојбата во која тие се наоѓаат градоначалникот Зоран Заев и општината, а во рамките на своите можности и ингеренции, секогаш се трудат да им излезат во пресрет на своите сограѓани, не делејќи ги по ниедна основа, партиска или верска. Хуманоста на Градоначалникот и општина Струмица во изминатите десет години се потврдени кај неколку илјади граѓани, здруженија и клубови.Меѓу последните на кои е подадена хуманата рака на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица е Ленче Стојановска, жената која подолго време ја чувствува суровоста на македонската реалност. Тешката животна голгота која ја минаа со сопругот, од Тетово преку Стојаково, ги донесе во Градско Балдовци каде што живеат во контејнер од шест квадрати. Откако државата преку своите институции придонела за, каков што вели Стојановска нивниот кучешки живот, таа помош побара од општина Струмица. По нејзиниот апел за помош, ја посети екипа од општина Струмица и откако ги потврди лошите просторни и финансиски услови, градоначалникот Зоран Заев и општината на Стојановска и помогнаа со лекови и прехранбени производи и заради ограничените ингеренции помогнаа во алармирањето на јавност за поголема помош на ова семејство.Ленче Стојановска изрази јавна благодарност за оваа помош и рече дека и претходно во неколку наврати ја добила кога ја побарала. Со солзи во очите истакна дека досега не добила никаква помош од државата и нејзините институции.