Денеска почна асфалтирањето на улицата број 2 во урбан блок 36 и дел од урбан блок 37. Овој зафат се реализира со асфалт од типот БНХС 16 во дебелина од 7 сантиметри на вкупна површина од 3.260 метри квадратни. Пред асфалтирањето, извршена е монтажа на бетонски ивични рабници на подлога од бетон во должина од 1.054 метри, а Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ има изведено атмосферска и фекална канализација како и приклучок на водоводната мрежа.Овој градежен зафат се реализира со средства од буџетот на општина Струмица.