Еколошкото друштво „Планетум“ во партнерство со Организацијата на жени и Младинскиот совет го спроведува проектот „Зелена граѓанска акција во Струмица“ кој е финансиски поддржан од УСАИД и ФООМ, а кофинансиран од општина Струмица преку поддршката на невладиниот сектор за 2015 година.
Во проектот се вклучени и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и одделението за заштита на животната средина при општина Струмица.Во рамките на овој проект, денеска, почна да се реализира акцијата за приспособување и уредување на јавна површина за игра и релаксација во централното подрачје на населеното место Дабиле. Со помош на учениците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и месната заедница на оваа површина ќе се постави сет од маса и и две клупи, лулашки, а се направија и два острова со цвеќе.Од „Планетум“ најавија дека уредувањето и озеленувањето на јавните површини ќе продолжи и понатаму на друи места.