Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележа Светскиот ден на храната. Во домот на АРМ беа презентирани разновидна подготвена храна и конзервирани производи. Покрај бројните посетители, на манифестацијата присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица,
Јосиф Христов.Ние како училиште со земјоделска, прехранбена и медицинска струка ја имаме обврската да бидеме дел од оваа голема манифестација, бидејќи сме училиште кое што произведува храна, учествува во преработката на храната и преку здравствената струка се грижи за да имаме здрава храна. Денеска се презентираше подготвеното на учениците преку проектни задачи, а исто така имаме добра соработка со бизнис секторот, тоа се конзервните фабрики, но и во слаткарската индустрија сме многу активни. Нашето училиште произведува кадар за високото образование, но и за компаниите и бизнис секторот, рече Димитар Ѓорѓев, директор на училиштето.Собраните средства од денешната манифестација се наменети за хуманитарни цели.