Одбележан Денот на училиштето во СОУ „Димитар Влахов“

Со пригодна програма и оддавање почит на патронот на училиштето, вработените во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ по 69-ти пат го одбележаа Денот на училиштето. На бистата во дворот на училиштето беше положено свежо цвеќе од страна на претседателот на Советот на општина Струмица,

Јосиф Христов, претставници од Сојузот на борците, пензионирани работници од училиштето и претставници од највисоките органи на училиштето.По повод Денот на училиштето, директорот Димитар Ѓоргев на наградените ученици за литературен состав на тема „Каде одиш човеку“, им врачи награди во книги.Свеченоста продолжи со литературно читање, прием на гостите и пензионираните работници и меѓусебно дружење со видео презентација на учениците од компјутерската секција.