По неколку дневните подготовки почна бетонирањето на тротоарот од десната страна на улицата „Бетовенова“. Овој градежен зафат се реализира на потегот од спојот со улицата „Плачковица“ до спојот со улицата „Бошко Буха“. Откако ќе се заврши со бетонирањето на тротоарот ќе бидат поставени клупи и канделабри.