Во рамките на одбележувњето на 11. Декември – Денот на заштитниците на Струмица (Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици) , денес во турското маало, беше предаден во употреба ободниот канал, кој претставува разрешница на долгогодишниот горлив проблем со кој се соочуваа дел од граѓаните и семејствата од Струмица, а се однесува на поплавувањето на одредени делови од градот при обилни дождови.
За овој капитален проект се потрошени 600 илјади евра, или 36.500.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Струмица. Ободниот канал ги опфаќа атмосферските води од досега нерегулираните порои, кои зафаќаат површина од 81 хектар.На свеченоста по повод предавањето во употреба на ободниот канал, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев изрази задоволство од завршувањето на овој проект, изразувајќи благодарност до граѓаните за разбирањето и трпението околу текот на реализацијата. Градоначалникот Заев изрази уверување дека поплавите на делови од градот ќе станат минато и дека домовите на граѓаните во наредните неколку децении ќе бидат безбедни од поплавување.