Денес, во пресрет на Денот на заштитниците на Струмица, градоначалникот Зоран Заев ја оствари традиционалната средба со претставници на Младинскиот совет , која се одржува секоја година во периодот пред донесување на Буџетот на Општина Струмица.
На средбата младите струмичани му ја врачија на градоначалникот „Стратегијата на Младинскиот совет на Струмица“ за периодот од 2015 до 2020 година , а му предочија и дел од планираните активности и проекти кои во рамките на оваа стратегија се предвидени за наредната 2016 година. Изразувајќи задоволство од инвентивноста на младите, градоначалникот Заев истакна дека планираните проекти се генерално прифатливи од негова страна, очекувајќи дека истите ќе бидат одобрени и изгласани и од членовите на Советот на општина Струмица.