Во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во континуитет се реализираат работни активности со цел подобрување на условите за изведување на образовно – воспитниот процес. Согласно планираните активности, деновиве се врши поплочување на задниот дел од училишниот двор на вкупна површина од 1.260 метри квадратни.Овој дел не беше поплочен и сега училиштето е комплетно уредено и нема место кое не е добро средено.
Покрај ова во паркот на училиштето поставуваме и нови канделабри на местото на старите и дотраени. Во текот на оваа година направивме и ракометно игралиште со средства од општина Струмица, извршивме фасадирање на училишната зграда, донесовме и 24 нови LCD проектори кои ќе бидат распоредени во секоја училиница за да можат наставниците подобро да ја изведуваат наставата, а ќе биде извршена и комплетна гасификација на спортската сала, рече Димитар Ѓорѓев директор на училиштето.