Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, доби уште едно признание за несебичната поддршка и придонес во општествениот развој на државата. Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература му додели благодарница за придонесот во организирањето на 27-от државен натпревар по македонски јазик и литература за основното образование. Натпреварот се одржа во општинското основно училиште „Герас Цунев“ во Просениково, кое на минатогодишниот државен натпревар го освои првото место.