Матурантите од трите средни училишта од Струмица ја продолжуваат традицијата и утре ќе учествуваат во најголемата матурска забава во светот. Точно напладне, на градскиот плоштад, 460 матуранти ќе го заиграат танцот квадрил во рамките на „Матурска парада 2014“. Годинава, покрај квадрилот матурантите ќе играат и салса. Оваа манифестација во Струмица се одржува по шестти пат. Квадрилот е танц кој што потекнува од Франција, а меѓународната манифестација матурска парада е покрената во 2001 година во Словенија.