Општина Струмица и Младинскиот Совет по четврти пат го организираат турнирот во стрит баскет „STREET BASKET- STRUMICA 2014″ кој ќе се одржи од 5 до 7 септември. За учество во турнирот досега се пријавени рекордни 19 екипи кои ќе бидат поделени во 4 групи (3 групи со по 5 екипи и 1 група со 4 екипи). За најдобрите се обезбедени парични награди и тоа 15 илјади денари за прво место, 8 илјади денари за второ место и 4 илјади денари за трето место. Покрај тоа е предвидена и парична награда од илјада денари за најдобриот играч на турнирот. За време на турнирот, ќе бидат доделени бројни и вредни награди за публиката, а планиран е и музичко–забавен дел.Стрит Баскетот им овозможува на сите љубители на кошарката да се соберат на едно место, да се натпреваруваат и да се дружат.