Поради дефект на водоводната мрежа до 16 часот ќе биде прекинато снабдувањето со вода на водокорисниците на улицата „Климент Охридски“ на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Братство Единство“. Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот.