Синоќа во домот на АРМ се одржа петтата и последна форумска сесија за оваа календарска година од Програмата „Форуми во заедницата“ во општина Струмица на швајцарската агенција за развој и соработка. Граѓаните – учесници во форумскиот процес гласаа и направија рангирање на програмите и проектите кои беа предмет на приоретизација на предходните две форумски сесии.
Кај програмите најголем број гласови доби програмата за изградба на системи за одводнување и пречистување на отпадни води, второрангирана е програмата за изградба на локални патишта и улици, а треторангирана од вкупно 19-те програми е програмата за изградба на системи за водоснабдување.Најголем број гласови кај проектите доби проектот за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, второрангирана е дислокацијата на турското маало, а на третото место според бројот на гласовите е проектот за улици во град Струмица.Инаку на претходните форумски сесии, градоначалникот Зоран Заев, даде зелено светло на скоро сите предложени проекти од граѓаните, а кои се во ингеренции на локалната самоуправа.Шестатата форумска сесија која ќе биде отчетна ќе се одржи во септември идната година.Струмица по четврти пат е вклучена во Програмата „Форуми во заедницата“ со што потврди дека е општина која ги слуша граѓаните и нивните предлози при креирањето на буџетот.