Во организација на Младинскиот совет на плоштадот „Гоце Делчев“ се одржа предновогодишна забава „Порака за мирољубие“ на која учествуваа околу 2.000 ученици од основните општински училишта.
И покрај студеното време учениците направија одлична предновогодишна атмосфера, разменуваа подароци и новогодишни желби, а со нив беше и градоначалникот Зоран Заев. Честитајќи им ги новогодишно – божиќните празници им посака многу здравје, среќа и успех во учењето.