Од денеска, општина Струмица сама ќе се заштитува и спасува од евентуалните поплави, така одлучи Општинскиот штаб за заштита и спасување откако утврди дека Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи не преземаат целосни мерки за заштита од поплавите. На денешната прес конференција, командантот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Кирил Парталов, истакна дека по наредба на градоначалникот Зоран Заев, во функција е ставена целокупната механизација и преземени сe повеќе активности за заштита на критичните места од можни поплави.