Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности од вчера се на терен и интервенираат таму каде што има потреба за да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот по улиците во градот.
Во текот на вчерашниот ден и денеска фрлени се вкупно 7,5 тони индустриска сол и четири тони ризла на следните улици: „Никола Тесла“, „Стив Наумов“, „Вера Циривири“, „Герас Цунев“, „Кирил и Методиј“, „5-ти ноември“, „Ванчо Прке“, „Ѓуро Ѓаковиќ“, од двете страни на улицата „Крушевска Република“, „Пиринска“, „Димитар Цветинов“, „Елка Јанкова“, „Спиро Захов“, „Ристоман Попчевски“, „Ѓорѓи Василев“, „Широк дол“, „Тошо Арсов“ и „Неретва“. Според Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“, екипите на „Комуналец“ ќе продолжат со интервенциите и во попладневните часови.
Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека располагаат со доволни количини сол и ризла, а и возилата се подготвени за одржување на улиците во зимски услови.