Честитка од општина Струмица по повод големиот христијански празник Божик

Почитувани сограѓани од христијанска вероисповед

Во пресрет на Рождеството Христово – Божик, еден од двата најголеми  празника во хритијанскиот свет, Ви упатуваме празнична порака исполнета со љубов и почит, посакувајќи ви среќа, хармонија и благосостојба во вашите семејства. Нека Бадник повторно ја донесе сета убавина на семејното исчекување на убавата вест за раѓањето на Исус Христос, и нека биде тоа причина да ја пронајдете Божественоста во себе.

Да бидеме големи во големината на Божик. Да ги прочистиме срцата и душите, за да направиме место за добрината, човечноста и милосрдието. Човековите вредности и доблести нека бидат наши заеднички обележја, за да бидеме достојни на големото празнување.

Честитајќи ви го Христовото раѓање, Ви посакуваме, Вашите домови секогаш да бидат олицетворение на љубов, среќа и топлина, а Божикниот поздрав „Христис се роди“ нека ви го отвори патот кон посакуваната цел.

За многу години нека Ви биде Рождеството Христово.