Општина Струмица денеска продолжи со градежните активности во населените места. Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2017 година на општина Струмица, се асфалтираше улица во Банско во должина од 200 метри. Во текот на утрешниот ден во ова населено место ќе биде асфалтирана уште една улица, а потоа асфалтирањето ќе продолжи во населеното место Водоча. Овие градежни активности се реализираат со средства од општинскиот буџет.