Проектот Меѓународна саемска промоција на струмичкото стопанство кој од страна Центарот за локален економски развој на струмичкиот регион беше аплициран до ГТЗ Редем и официјално е одобрен.
Проектот кој е дел од макро проектот Strumica Economy и дел од промотивната кампања Струмица отворена за бизнис предвидува изработка на две мултимедијални цд-а на дрвната и прехрамбената индустрија и нивна промоција на меѓународни саеми во Белград и Загреб.
Мултимедијалното цд на дрвната индустрија ќе содржи фотографии и информации за струмичките производители на мебел и ќе биде промовирано на меѓународниот саем Амбиента во Загреб, Хрватска кој е е еден од најрепрезентативните саеми од оваа категорија во Европа. Саемот ќе се одржи од 16-21 октомври оваа година.
Промотивното цд на прехрамбената индустрија ќе содржи информации за производителите од оваа дејност и ќе биде промовирано на меѓународниот саем за храна, пијалок, вино и опрема кој од 26 до 28 ноември ќе се одржи во Белград.
Проектот е финансиран од ГТЗ Редем а во него учествуваат четирите општини од струмичкиот регион (Општина Струмица, Ново село, Босилово, Василево) и Сојузот на стопански комори.