Се откажуваат сите манифестации на Струмичкиот карневал 2020

Се откажуваат сите манифестации на Струмичкиот карневал 2020

Врз основа на Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија донесен на денешната седница, а по предлог на Министерството за здравство и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се препорачува на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година. Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични.

“>http://

Почитувајќи го заклучокот на Владата и препораките на Министерството за здравство, Општина Струмица и Организациониот одбор на карневалот ги откажуваат сите манифестации од програмата на Струмичкиот карневал 2020. Со откажувањето на карневалските манифестации се избегнува и најмалиот ризик за евентуално ширење на корона вирусот. Општина Струмица континуирано ја следеше и понатаму ќе ја следи актуелната состојба и апелира до граѓаните за релевантни да ги сметаат само информациите од компетентните институции, а не од непотврдени извори. За сите понатамошни одлуки со карневалските случувања ќе следуваат дополнителни информации.