Денес, по повод одбележувањето на 8 ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 11 Септември – Денот на ослободувањето на Струмица, Градоначаникот на Општина Струмица, Зоран Заев го предаде во употреба првиот од петте водоводни системи кои оваа година ги финансираше Општина Струмица…
За изградбата на водоводот во Градско Балдовци Општина Струмица од својот Буџет издвои средства во висина од три милиони и сто илјади денари, а истиот беше изграден во рекордно време од само три месеци. Со тоа локалната самоуправа докажа на дело дека сите населени места и сите граѓани од општината се подеднакво важни.