Заради селективниот однос на Власта кон одредени личности нивни неистомисленици, кршењето на човековите права и слободи, непочитувањето на презумпцијата на невиност и целосното попречување на демократските процеси во државата, потврдени со спектакуларниот начин на притварање на Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев и неговите соработници, Извршниот одбор на Основната Синдикална Организација при Локалната самоуправа – Струмица, одлучи вработените во Локалната самоуправа својот револт да го изразат преку протест, заради ускратената можност на Градоначалникот и неговите соработници да се бранат од слобода.