Решение за свикување на четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на четириесет и седмата седница на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 22 .12.2016 година (­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­четврток).

Четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00  часот.

За работа на седницата  предлагам:

I

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на членови на Советот на општина Струмица;
  1. Предлог – Решение за верифицирање на мандат на членови на Советот на општина Струмица.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов