Покана за Државно првенство во одбојка за средни училишта

Општинскиот сојуз на училишен спорт Ве поканува да присуствувате на Државното првенство во одбојка за средни училишта во женска конкуренција – младинки, што ќе се одржи во Струмица, во деновите 14-15-16 Декември во спортската сала на ОУ “Видео Подгорец”.

14.12.2006 (четврток)
14:00 часот – Свечено отварање
14:30 – 19:00 часот – Натпревари по групи

15.12.2006 (петок)
09:30 – 12:00 часот – Натпревари во групи
14:30 – 18:00 часот – Полуфинални натпревари

16.12.2006 (сабота)
09:30 – 12:30 часот – Финални натпревари
12:30 часот – Доделување на награди