Од денеска се забрануваат рекреативните движења по трим патеката до Свети Илија

Од денеска се забрануваат рекреативните движења по трим патеката до Свети Илија

Врз основа на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, а по наредбата донесена од Општинскиот штаб за заштита и спасување, од денеска трим патеката до манастирот „Свети Илија“ се затвора за рекреативни движења на граѓаните.
Се апелира до граѓаните од сите возрасни групи да ја почитуваат оваа мерка, бидејќи таа е во интерес на нивното здравје.