Градоначалникот Заев:Општина Струмица ги бере плодовите од проектите зацртани во буџетската 2015 година

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, присуствуваше на промоцијата на проектот „Струмички приказни“ која синоќа се одржа во центарот за култура „Антон Панов“ кој финансиски е поддржан од општина Струмица. Со тоа Градоначалникот и Општината уште еднаш го дадоа својот влог во зачувувањето на струмичкото народно творештво.Општина Струмица, еве на крајот на годината, ги бере плодовите од сите проекти кои што беа зацртани во буџетската 2015 година.