Вчера се асфалтираше во Добрејци, денеска во Дабиле

Продолжува асфалтирањето на улиците во населените места планирани во првата фаза на овој градежен зафат на општина Струмица. Вчера се асфалтираа две улици во населеното место Добрејци, а исто толку денеска и во Дабиле. Во оваа прва фаза досега се асфалтираше во Куклиш и Градско Балдовци, а асфалт ќе се поставува и на улици во Габрово, Рич, Костурино, Муртино, Вељуса и Попчево. Асфалтирањето се врши согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица за 2017 година и се реализира со средства од општинскиот буџет.