Градоначалникот Петар Јанков присуствуваше на традиционалниот турнир во пеливанско борење во Куклиш

Градоначалникот Петар Јанков присуствуваше на традиционалниот турнир во пеливанско борење во Куклиш

Денес, градоначалникот Петар Јанков, заедно со својот тим, соработници и советници, присуствуваше во населеното место Куклиш по повод празникот Св. Атанасиј и традиционалниот турнир во пеливанско борење.

Настанот, кој се одржува во духот на долгогодишната традиција и почитта кон празникот, секоја година привлекува голем број учесници и посетители.

Општина Струмица и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите манифестации кои ја негуваат традицијата и придонесуваат за зачувување на културниот идентитет на општината.