Европската куќа во Струмица го прослави 2 роденден

Европската куќа во Струмица го прослави 2 роденден

Денеска се одбележаа 2 години од отворањето на Европската куќа во Струмица. По тој повод гостин во кабинетот на градоначалникот Костадин Костадинов беше г. Штефен Худолин, вршител на должност амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

На средбата разговараа за придобивките коишто младите струмичани ги имаат со отворањето на Европската куќа, за реализираните активности и новите предизвици. Градоначалникот Костадинов го запозна г. Худолин и со изградбата на Младинскиот центар во сутеренот на општинската зграда. Одбележувањето на две годишнината од отворањето, продолжи во просториите на Европската куќа во Струмица каде што беше организиран настанот „Дигитален ѕид на желби“ на се дискутираше за вештините на соништата на младите луѓе и младите амбасадори бидејќи оваа 2023 година ќе биде Европска година на вештини. Денешното дружење заврши во Градската уметничка галерија во која младите од регионот се вмрежуваа за успех, а сите заедно уживаа во уметничките дела кои се постојано изложени во галеријата, но и во рачно изработените маски од Струмичкиот карневал во 2022 година.