Градоначалникот Костадинов ги врачи наградите за најубаво уредени дворови

Градоначалникот Костадинов ги врачи наградите за најубаво уредени дворови

Градоначалникот Костадин Костадинов синоќа ги посети најубаво уредените дворови пред колективните станбени објекти и ги врачи ваучерите за освоени прво и второ место.

Со цел да се стимулира уредувањето и одржувањето на дворните места пред колективните станбени објекти, на иницијатива на градоначалникот Костадинов од општинскиот буџет беа издвоени 350 илјади денари и објавен Јавен повик кој траеше од 21 февруари до 31 мај годинава. Пристигнаа 2 апликации. По увидот што го изврши Комисијата формирана по Јавниот повик, првата награда ја доби дворот на улицата „Максим Горки“ бр.49, а втората,  дворот на улицата „Крсто Узунов“ бр.3-22. Градоначалникот Костадинов им честиташе на станарите за наградите и им ги врачи ваучерите од 200.000 за првото и 100.000 денари за второто место.