Градоначалникот Костадинов ги поддржува реформите во средното стручно образование

Градоначалникот Костадинов ги поддржува реформите во средното стручно образование

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, учествуваше на дијалогот со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и претставници на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Центарот  за стручно образование, бизнис секторот и средните стручни училишта за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование.

Реформите во стручното образование се неопходен услов за креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите и барањата на пазарот на трудот, но и за зголемување на можноста за вработување на младите, што е наша примарна цел. Поддржувајќи ги овие реформи, во општина Струмица во оваа тековна учебна година беа воведени 6, а формирани 3 дуални паралелки во двете стручни училишта „Никола Карев” во машинската струка и во „Димитар Влахов“ во хемиско-технолошката и во угостителско-туристичката струка. Усогласеноста помеѓу понудата и побарувачката на стручни и квалитетни кадри е неопходна и во таа насока ќе продолжиме со нашиот влог како Општина бидејќи ова создава можност за брзо вработување на младите по завршувањето на средното стручно образование, но секако очекувам и максимално ангажирање од сите релевантни чинители, пред се поголема поддршка од бизнис секторот, рече градоначалникот Костадинов.