Градоначалникот Костадинов и министерот Бочварски во посета на Банско

Градоначалникот Костадинов и министерот Бочварски во посета на Банско

Градоначалникот Костадин Костадинов и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска, извршија увид во изведбата на канализациониот систем за фекални отпадни води во населеното место Банско. Градоначалникот Костадинов е задоволен од досегашната реализација на овој капитален и многу важен проект за жителите на Банско.

Задоволен сум од досегашниот тек, во којшто се реализирани 10 илјади метри, остануваат уште 2,5 километри до конечната реализација. За да биде комплетен овој систем ќе изградиме и Пречистителна станица за третман на фекалните води пред да бидат пуштени во реката Водочница со што ќе ги решиме долгодишните проблеми на жителите во Банско. Целиот проект чини 42 милиони денари и е плод на таа симбиоза и соработка што ја има општина Струмица со централната власт, во овој случај со Министерството за транспорт и врски.
Јас сум убеден и ги уверувам граѓаните дека само доколку постои таа симбиоза што ни се случува овие години, ќе реализираме бројни проекти коишто се суштински, важен интерес за сите граѓани на општина Струмица.
Најавувам и еден важен, капитален проект за населеното место Градско Балдовци, коешто е мое изборно ветување и проблем за жителите, а тоа е дека оваа година ќе започнеме со реализација на фекалната и атмосферската канализација.
Според првичните проценки проектот е вреден околу 80 милиони денари и важно е да знаат граѓаните каде завршуваат нивните пари и дека и општинската и централната власт точно знаат како домаќински да менаџираат со средствата на граѓаните, рече градоначалникот Костадинов.