Градоначалникот Костадинов на одбележувањето на празникот на градот Кукуш во Грција

Градоначалникот Костадинов на одбележувањето на празникот на градот Кукуш во Грција

Градоначалникот Костадин Костадинов со свои соработници и членови на Советот на општина Струмица, денеска се гости на одбележувањето на празникот на градот Кукуш во Грција, „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“ според Грегоријанскиот календар. Посетата е на покана на градончалникот на Кукуш,  Димитрис Киријакидис.

Општинската делегација присуствуваше на утринската Божествена Литургија и Литија, а  на која присуствуваше и Митрополитот Струмички г. Наум и верници од Струмица.

Градоначалникот Костадинов имаше и средба со градоначалникот Киријакидис на којашто разменија нови идеи за продлабочување на соработката меѓу двете општини, а го покани и во возвратна посета за празникот на Струмица „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“ којшто се одбележува на 11 декември.