Градоначалникот Костадинов оствари средба со францускиот амбасадор Бомгартнер

Градоначалникот Костадинов оствари средба со францускиот амбасадор Бомгартнер

Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, г. Сирил Бомгартнер, денеска е во посета на општина Струмица. На средбата со градоначалникот Костадин Костадинов разговараа на актуелни теми, за соработката, потенцијалите на Општината и нејзиниот развој.

По средбата во кабинетот, градоначалникот Костадинов, амбасадорот Бомгартнер и поранешниот Претседател на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ја посетија Европската куќа во Струмица каде што разговараа со младите луѓе за нивните активности и планови во промовирањето на европските вредности.