Градоначалникот Костадинов ја отвори изложбата „ЗА ПРВ ПАТ“

Градоначалникот Костадинов ја отвори изложбата „ЗА ПРВ ПАТ“

Градоначалникот Костадин Костадинов, во Градската уметничка галерија ја отвори изложбата „LA PRIMA VOLTA“ или „ЗА ПРВ ПАТ“ на познатиот италијански фотограф Матео де Мајда.

На изложбата присуствуваше и амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри, што е уште една потврда за одличната соработка меѓу Општината и Амбасадата.

Самиот наслов на изложбата укажува на еден историски успех на македонскиот спорт, особено на фудбалот, а тоа е првото учество на нашата фудбалска репрезентација на едно официјално Европско првенство, кое се случи минатата година. Иако оваа изложба ќе биде поставена и во други градови во нашава земја, сепак сметам дека поради Горан Пандев кој речиси целата своја интернационална кариера ја помина во Италија, но и поради тоа што беше најзаслужен за историскиот пласман на македонската репрезентација на последното Европско првенство во фудбал, изложбата најмногу и прилега на нашата Струмица, рече градоначалникот Костадинов.

Амбасадорот Силвестри на градоначалникот Костадинов му подари фотографија од спортскиот комплекс на Горан Пандев во Струмица.