Записник за извршена административна селекција на кандидати за членови на Надзорен Одбор на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Струмица

На ден 13.12.2023 година, согласно член 5 став 5 од Правилникот за формата и содржината на Јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, образците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (Службен Весник на РСМ бр.283/2022), Комисијата за селекција оддржа состанок на кој се изврши административна селекција на кандидатите кои продолжуваат во наредната фаза од постапката на селекција за членови на Надзорниот Одбор.

 

Комисијата при проверка на доставените докази од страна на кандидатите го констатира следното:

 

  1. Димитар Костуранов-43 бода
  2. Бојан Данчев-21 бод
  3. Александар Муканов-22 бода

 

Комисијата констатира дека пријавениот кандидат Борис Пројков не може да продолжи во наредната фаза, бидејќи согласно законските услови, од неговата доставена документација Комисијата утврди дека не исполнува услови за три години работно искуство од областа на финансикото работење.

Со тоа Комисијата утврди дека тројцата погоре наведени кандидати продолжуваат во следната фаза.

           

 

 

 

             Датум:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    Комисија за селекција:

 

13.12.2023 год.

   1.  Александар Оџаков – претседател

 

  1. Илија Тилев – зам. член

 

  1. Идриз Идризов – зам.член