Советот на општина Струмица денеска ја одржа 49-та седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 49-та седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 49-та седница на којашто беа усвоени извештајот за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2021 година и предлог – одлуката за измена и дополнување на Буџетот за оваа година година и предлог – програмите за измена и дополнување на

Програмите за уредување на градежното земјиште, за активностите од областа на културата и образованието и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година. На седницата беше усвоена и Одлуката за субвенционирање на дел од надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2021 година во вредност од 100 евра за нови 50 приклучоци. Советниците ги усвоија и Извештаите за работа на јавните претпријатија „Комуналец“ и „Струмица гас“ за првите шест месеци од оваа година и нивните годишни планови за вработување за 2022 година, како и одлуката за набавка на специјални возила за подигање на смет на ЈПКД „Комуналец“ и програмата за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Паркиралишта- Струмица“ за 2021 година. Зелено светло добија и предлог – одлуките за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во трите средни училишта „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, како и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот и сообраќајот.