Започна фестивалот „Вело Струмица“

Започна фестивалот „Вело Струмица“

Денеска и официјално започна првиот фестивал посветен на сите љубители на велосипедите и велосипедизмот, со што Струмица се најде на мапата на европските градови кои ги препознаа и промовираат предностите на велосипедот. Градоначалникот Костадин Костадинов кој го донесе својот велосипед на првиот настан „Вело сервос“ во малиот градски парк ги покани граѓаните за помасовно учество во сите програмски активности на фестивалот.

Во следните неколку дена Струмица ќе има причина да се гордее бидејќи, ваквиот тип на фестивали и проекти кои се наменети за сите генерации влијаат одлично врз целокупното опкружување, како во Општината така и пошироко.