Имплементација на мерка 6.2 Јавни Работи – СДЦ Компонента

Општина Струмица  заедно со Агенција  за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Струмица имплементираше активности во рамки на мерката 6.2. Јавни работи – СДЦ Компонента преку проектот „Креирање можности за работа на сите – Главна фаза.  Во рамките на овој проект беа ангажирани  5 (пет)  невработени лица  од ромска националност,  а со поддршка на  УНДП  и обезбедени финансиски средства од Швајцарската агенција за развој и за соработка.  Поради појавата на коронавирусот Ковид 19 и неговото ширење во земјата, ангажираните невработени лица  беа вклучени во активностите за вонредна дезинфекција на јавни површини и јавни објекти, а  преку ЈПКД Комуналец Струмица.