Костадинов: Имам и желба и сила да ја оправдам довербата којашто ми беше дадена

Костадинов: Имам и желба и сила да ја оправдам довербата којашто ми беше дадена

Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата Општина, како модерна и европска Струмица, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја започна денешната прес конференција, еден месец по извршувањето на градоначалничката функција. Пред новинарите зборуваше за реализацијата на активностите во првиот месец од неговиот мандат. Општината е во стабилна состојба. Започнатите проекти интензивно се реализираат. По нашите анализи, но и слушајќи ги граѓаните, ги мапиравме реалните потреби  и почнавме да проектираме нови проекти. Не чека многу работа, но имам и желба и сила да ја оправдам довербата којашто ми беше дадена. За мене зборот е збор. Затоа, мандатот го започнав со неколку лични примери. Работниот ден го започнувам во 7 часот, со посветена, неуморна работа, ред и дисциплина, почнувајки од мене, па до последниот вработен во општината, Јавните претпријатија и училиштата. Се откажав од користење на службеното општинско возило и службен телефон, а средствата ќе бидат наменети за проектот Младински културен центар. Јавно го објавив мојот личен телефонски број, тоа ќе го направат и директорите на јавните претпријатија и раководителите на секторите во Општината и надлежните служби за непосредна комуникација со граѓаните и за побрзо и поефикасно решавање на нивните проблеми и предизвиците со кои тие се соочуваат, рече меѓу другото, градоначалникот Костадинов.