Костадинов: Покачени сметки за комунални услуги за струмичани нема да има

Костадинов: Покачени сметки за комунални услуги за струмичани нема да има

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 14-та седница на којашто беа усвоени повеќи одлуки, програми, извештаи и планови.

Меѓу нив се одлуките за утврдување на работното време и надомест на трошоци за престој на деца  во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица како и годишните планови за вработување за 2022 и 2023 година, програма за измена и дополнување на програмата за работа на ЈПЕД „Струмица – Гас“ за 2022 година, извештајот за работата на ЈПКД „Комуналец” за првата половина од 2022 година, годишниот план за вработување на Дом за деца и млади „Благој  Мучето” за 2023 година и годишниот финансов план за ЈПЗБК „Стационар – Лана“  Струмица за 2022 година.

Усвоени беа и извештаите за работа во учебната 2021/2022 година  и предлог – годишната програма за работа за учебната  2022/2023 година на трите средни општински училишта.

На денешната седница градоначалникот Костадин Костадинов одговараше и на советнички прашања од повеќе области при што потенцираше дека покачени сметки за комунални услуги за струмичани нема да има.

-Струмица нема да биде како Прилеп и други општини кои за 60 проценти ги покачија сметките за собирање смет. Граѓаните да бидат спокојни, јас, општина Струмица и општинските јавни претпријатија знаеме како да менаџираме и во услови на криза. Нема да има покачени цени, ниту пак намален обем на работа. Сега е време кога Општината мора да застане на страната на граѓаните. Струмица ќе претрпи финансиска штета, но истата нема да ја трпат граѓаните, истакна градоначалникот Костадинов.