Маскенбал во Хотел ,,Сириус”.

Маскенбал во Хотел ,,Сириус”.
Оваа година се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници. Беше преубаво да се биде дел од маскенбалот во хотелот „Сириус“, и да се види како луѓе под маски од различни земји и нации заедно пеат, играат и се веселат.

Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци, Бугари и Македонци, но и гости од Шведска, Германија, Холандија,Италија, Словенија и Турција, вечерва беа едно. Можеби тоа беше најубавиот маскенбал од сите досега одржани, маскенбал каков што само може да се посака.
Им честитам на новоизбраните принц и принцеза Атанас Костуранов и Катерина Јовановска и им посакувам незаборавно учество во царската свита, на утрешната интернационална карневалска поворка.
Ако вечерва беше убаво, утревечер нека биде уште поубаво, нека биде вистинско СТРУМИЧКО ЧУДО.