Одбележана 117-годишнината од убиството на Гоце Делчев

Home / Вести / Одбележана 117-годишнината од убиството на Гоце Делчев
Одбележана 117-годишнината од убиството на Гоце Делчев

Денеска се навршуваат 117 години од смртта на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. По тој повод, градоначалникот Коста Јаневски со претставници на Советот на општина Струмица, а во чест на неговиот живот и дело, положија свежо цвеќе пред неговиот споменик на плоштадот што го носи неговото име.

Со своите херојски и визионерски дела за иднината на нашата држава, Гоце Делчев, не задолжи сите нас.

Нека му се вечни споменот и славата.